
ПОКАНА ЗА КОНСУЛТАТИВЕН СОСТАНОК
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТУДИЈАТА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА БЕЛЧИШКО БЛАТО (СИНИ ВИРОЈ)
Општина Дебрца, 9 март (среда) 2022 г.
Во просториите на општина Дебрца ќе се одржи консултативен состанок за нацрт-студијата за валоризација на Белчишко Блато (Сини Вирој). Добредојдени се сите коментари кои би сакале да ги споделите за време на состанокот кој ќе се одржи во Општина Дебрца на 9 март (среда) 2022 г. со почеток во 11.00 часот. На состанокот ќе може да се присуствува и преку Zoom – платформата на следниот линк https://us02web.zoom.us/j/2200021965?pwd=N0orSUhsN2VrNXh4TFhoVGZMN0UwZz09
Коментари можат да се испраќаат и на електронската пошта: ekoturizamoh@gmail.com
Линк до нацрт-студијата – клик
Агенда
11.00 – 11.10. ч. Вовед во состанокот, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016“, Охрид / поздравно обраќање, Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца
11.10 – 11.30 ч. Презентација на нацрт Студијата за валоризација, Д-р Даниел Богнер, консултант (Zoom платформа) и Ѓоко Зороски, „Екотуризам 2016“, Охрид
11.30 – 12.15 ч. Отворена дискусија